Поврзете се со нас

Репрезентација

Вајли веќе е во Скопје: Си поставив цел, ќе ја однесеме Македонија во квалификациите за СП

Објавено

на

Пред македонската кошаркарската репрезентација е настапот на турнирот претквалифиакциите за Светското првенство, пресметкики со Швајцарија и Словачка за кои селекторот Драган Бајиќ дефинитивно ќе може да смета на Даниел Џејкоб Вајли.

Американецот е веќе во Скопје и максимално подготвен го чека приклучувањето во тренажниот процес со останатите свои репрезентативни соиграчи. Тој верува дека успешно ќе го завршиме турнирот кој во месец август ќе го играме од 12 од 18 во нашиот главен град.

-Свесен сум за тежината која со себе ја носи играњето во дресот на националниот тим на Македонија. Би додал дека подготвен го дочекувам влегувањето во сала. Тоа ќе биде само продолжение- континуитет на мојата индивидуална работа која ја реализирав во изминатиот период во некои ‘домашни услови’. Пред себе си поставив една цел, заедно со соиграчите да ја однесеме Македонија во оној поважен сегмент од квалификациите за Светскиот куп, -вели Вајли кој смета дека ни би требало да има проблем со „аклиматизацијата“.

-Па не би требало, знаете дека добро ги запознав момците во претходниот циклус, не гледам никаков проблем за тоа. Има и некои нови имиња, но важно е сите заедно да бидеме обединети, да направиме една одлична атмосфера која ја имавме и претходно во Перм. Имаме и нов селектор, стручен тим со кои ќе разговарам за сè што е потребно да ги реализираме планираните цели. Тоа е битна промена, но не ги менува моите размислувања кои се граничат со тоа да му се ставам на располагање на тимот, на стручниот штаб, се за еден добар резултат во оние мечеви од ‘балонот’ во Скопје.

-Мислам дека се навикнавме на тој турнирски систем, и дека нема да бидат проблематични тие седум-осум дена. Треба да се спремиме максимално. Напорите сигурно ќе бидат големи. Можеби, како имиња Словачка и Швајцарија не се Русија и Италија. Но знаете, сега сите играат кошарка, и тоа добра. Тоа бара максимален пристап кон обврските. Ние сме подготвени за таков предизвик. Само добро да ги одработиме подготовките во овие две седмици кои се пред нас. Очекувам да бидеме подобри од нив и да одиме понатаму, -порача новиот член на Будуќност.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни