Поврзете се со нас

Репрезентација

Вајли со македонското знаме се мотивира за престојните предизвици (ФОТО)

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација наредниот месец ја очекуваат дуели против Словачка и Швајцарија во претквалификациите за Светското првенство во 2023 година.

Националниот тим има проблеми околу составот затоа што неколку важни играчи нема да бидат на располагање како браќата Војдан и Дамјан Стојановски, повредени се Стојан Ѓуроски и Андреј Јакимовски… што значи дека репрезентацијата ќе има нов лик и ќе мора заеднички, сплотено да го минат овој предизвик на турнирот во Скопје.

Натурализираниот Македонец, Џејкоб Вајли треба да биде од огромна помош иако тој се уште не е репрезентацијата. Меѓутоа има намера да помогне, а тоа се гледа по пораката и поставеното македонско знаме во кое тренира, се подготвува.

-Македонското знаме е мотив повеќе за мене да се подготвам максимално за она што следува во август. Се гледаме за кратко во Скопје, -порача Вајли, а пренесува македонската федерација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни