Поврзете се со нас

Свет

Вајли покажа класа и со фантастично деби им се претстави на новите соиграчи во Сарагоса

Објавено

на

blank

Џејкоб Вајли воодушеви со своите настапи на квалификацискиот турнир во Перм и навести дека ќе биде огромно засилување за македонската кошаркарска репрезентација, изданија кои му овозможија да направи посакуван трансфер пред продолжението од сезоната.

Натурализираниот Американец пред два дена беше официјално претставен како голем плус во тимот на Сарагоса, а вечерва го имаше своето деби и експрено покажа дека ќе биде одлична аквизиција.

Сарагоса победи на гостувањето во Андалузија кај Реал Бетис со тесни 82:85 и стигна до третиот триумф во низа во Ендеса лигата, натпреварување кое не е никаква новост за новопечениот македонски репрезентативец кој до скоро играше за Гран Канарија.

Вајли покажа квалитет вечерва иако мина само 12 минути на паркетот, период во кој успеа да запише 13 поени со феноменална реализација од 4/5 за два поени и 5/6 од линијата за слободни фрлања.

Со овој триумф Сарагоса е се поблиску до плејоф местата, од кои во овој момент ја делат само два бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни