Поврзете се со нас

Репрезентација

Вајли: Ова е борбен тим, силната желба за победа е нашиот адут

Објавено

на

Пред нашата репрезентација се дуелите против Италија и Естонија во квалификациите за пласман на Европското првенство, мечеви за кои селекторот Александар Тодоров ќе го има на располагање Американецот, Џејкоб Вајли.

Членот на Гран Канарија ја прифати поканата и ќе игра за нашата репрезентација која овој циклус го започна со два порази од Естонија и Русија. Меѓутоа тоа е веќе зад нас и Вајли верува дека овој состав може да дојде до поволни резултати во „балонот“ во Талин.

-Го одржавме првиот тренинг и имав прилика да се запознаам подобро со тренерите и со соиграчите. Тимот е составен од искусни репрезентативци, но и од млади талентирани играчи желни за докажување што ми се допаѓа. Ова е борбен тим, тоа е очигледно. Верувам дека тренерот ќе не постави за да постигнеме успехм -вели Вајли и додава:

-Верувам дека физичката состојба во тимот е добра, но и дека ќе се подобри во наредните денови. Имаме две многу тешки натпревари против екипи со многу талент, затоа верувам дека нашиот напор и тимска работа ќе бидат клучот во натпреварувањето на овие мечеви со Италија и со Естонија, -заврши новиот член на македонската репрезентација.

Диелите со Италија и Естонија се закажани за 28 и 30 ноември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни