Поврзете се со нас

Репрезентација

Вајли: Не се двоумев да и кажам „ДА“ на Македонија

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација има ново засилување и тоа во името на 26-годишниот Американец, Џејкоб Вајли.

Се работи за играч кој има НБА искуство настапувајќи за Бруклин Нетс, а во моментов е дел од шпанскиот провлигаш Гран Канарија. Тој треба да биде голема помош за националниот тим кој во „ноемврискиот прозорец“ не може да смета ниту на Ричард Хендрикс и Шејн Витингтон.

-Во оваа прилика сакам да му се заблагодарам на претседателот на федерацијата, Перо Антиќ, за можноста и за честа која ми е укажана од нивна страна! Јас сум многу благодарен за можноста да помогнам во претставувањето на Македонија заедно со националниот тим. И кога ми беше презентирана идејата да играм за оваа кошаркарска земја, не се двоумев да кажам да. Сакав да учествувам во ова, -истакна Вајли кој со нетрпение го очекува предизвикот со националниот тим.

-Не сум се сретнал со нив, секако поради овие околности во кои живееме во изминатиот период. Но јас сум доста адаптабилен тип. Мислам дека брзо ќе воспоставиме добри вибрации со соиграчите. Очекувам и јас и моите соиграчи да го дадеме последниот атом на енергија, да вложиме максимален напор, и да тргнеме во она што од нас се бара – да победуваме, -порача крилниот центар кој во досегашната кариера има уште настапувано во Германија, Австралија и Грција.

Да потсетиме Македонија во претстојниот „балон“ во Талин ќе ги одмери силите против Италија (28. ноември) и Естонија (30 ноември).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни