Поврзете се со нас

Боречки спортови

Вајлдер се врати во рингот и го испрати Хелениус на спиење (Видео)

Објавено

на

Дионте Вајлдер реши да се врати во рингот и го испрати на подот Роберт Хелениус уште во првата рунда од нивната борба организирана во Њујорк.

По двата пораза од Тајсон Фјури, Вајлдер размислуваше за повлекување од професионалниот бокс, но сега е задоволен од одлуката повторно да се најде во рингот и остварувањето на 43. победа во кариерата.

Финецот Хелениус успеа да му парира на Валјдер нецела рунда, по што Американецот го испрати на подот со удар со десната рака.

По триумфот, Вајлдер најави дека очекува дуел со некој од поголемите ривали, па веројатно дека следен противник ќе му биде некој од друштвото на Енди Руиз, Олександр Усик или Ентони Џошуа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни