Поврзете се со нас

Англија

Вајлдер истакна една ѕвезда на Арсенал по понижувањето на „Брамал Лејн“: Не распарчи на делови

Објавено

на

Foto:twitter.com/SheffieldUnited

Шефилд Јунајтед со една нога е во Втора лига и ќе има навистина тешка задача да опстане во елитата, уште повеќе со изданија како она вчеравечер на „Брамал Лејн“.

Навивачите на овој клуб почнаа да се пакуваат и да го напуштаат стадионот по само 25 минути игра, а причина за тоа беше бруталното издание на Арсенал кој постигна три гола во овој период, па уште два до крајот на првиот дел.

Шефилд на крајот загуби 0:6 и очигледна беше енормната разлика во квалитет, па иако искусниит стручњак Крис Вајлдер имаше повеќе причини за главоболки, нагласи дека неговите играчи посебно не можеле да се справат со Букајо Сака кој за среќа беше повлечен на полувреме.

– Ние не бевме воопшто добри, не им подаривме голови, но реагиравме многу лошо во одбрана. Тие беа извонредни во секој поглед, особено беа опасни кога беа блиску до шеснаесетникот. Многу се брзи и играат непредвидливо.

– Ова им го направија на уште неколку тима, не сме единствени. Не велам дека тоа е оправдување за тешкит пораз, но Арсенал игра навистина неверојатно. Сака не распарчи на делови по неговата страна, не можевме да го контролираме. Ми чуреше главата дали да играме со четворица или со пет играчи во одбрана, но тоа немаше да промени ништо. Тие се извонредни во напад и ако немате своја вечер, не може да го следите нивниот ритам, – порача Вајлдер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни