Вајлдер и Фјури се договорија: Ќе понудат нов бокс спектакл во Лас Вегас (Фото)

vajlder-fjuri

Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури понудија фасцинантен бокс спектакл пред точно една година во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес и нивната драматична битка заврши нерешено, а сега, 13 месеци по првата борба, ќе гледаме нова пресметка меѓу двајцата шампиони.

Вајлдер и Фјури денеска потврдија дека ќе имаат реванш во февруари 2020-та година, а домаќин на нивната втора борба ќе биде Лас Вегас, односно „МГМ Гарден арената“.

– По 22-ри февруари, веќе нема да има неодговорени прашања. Ќе го завршам она што го започнав, а овојпат Тајсон Фјури нема да стане толку брзо. Сум се докажувал постојано, а тоа ќе го повторам во февруари, – порача Вајлдер.

Facebook Коментари