Вајда: Ѓоковиќ посебно ме изненади во еден сегмент во финалето

vajda-wim

Марјан Вајда му даваше неизмерна поддршка на Новак Ѓоковиќ и во моментите кога Србинот беше на работ од пораз во фантастичното финале со Рожер Федерер, а откако светскиот рекет број еден призна дека ова бил најтешкиот меч во кариерата за него од психолошки аспетк, истото го посочи и долгогодишниот тренер на Ноле.

Словакот кој најдобро го познава Новак со големо задоволство ја прослави драматичната победа на Ѓоковиќ во неизвесното финале на Вимблдон, успех со кој неговиот миленик сега стигна до 16-та грен слем титула во кариерата, што прави да има само четири помалку од Швајцарецот на вечната листа.

– Оваа победа е апсолутно посебна, ова беше епско финале. Никој не сакаше да загуби, играа два големи шампиони еден против друг. На крајот, Новак се извлече иако беше соочен со две меч топки. Тоа само покажува колку Новак е ментално силен, Федерер се обиде се, но не успеа. Емотивно и психилошки гледано, ова е најтешкото финале. Едно од најдобрите финалиња, никогаш не било вака неизвесно. Првпат во историјата на турнирот се играше тајбрејк на 12:12. Искрено, Новак посебно ме изненади што ги доби трите тајбрејка, тој сегмент посебно ме изненади. Против Рожер, неговиот сервис и агресивен пристап, тоа што го направи е неверојатно, – порача Вајда и додаде.

– Апсолутно, Новак може да дојде до 20-та грен слем титула, сега разликата е доста помала. Сепак, четири титули на грен слем… Лесно е да се каже, али тешко е да се оствари. Новак си го постави тој предизвик и ако игра вака, може да размислува и на титула на Ју-Ес опен, – завршува тренерот на Новак.

 

Facebook Коментари