Поврзете се со нас

Германија

Вацке за споредбата меѓу Бундеслигата и Премиерлигата: Секогаш ќе има арогантни идиоти

Објавено

на

Претседателот на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке даде остар коментар упатен на адреса на некогашниот фудбалер на Ливерпул, Дин Сандерс.

Сандерс неодамна изјави дека Мане ќе прокоцка две години од својата кариера во Бундеслигата, лига која воопшто не е привлечна како Премиер лигата.

Вацке очигледно се најде повикан да одговори и како претседател на надзорниот одбор на германскиот фудбал, па го нарече Сандерс арогантен идиот поради неговата изјава за Мане.

– Садио Мане е многу добар трансфер за Баерн, им честитам за тоа, но не во име на Борусија, туку како претседател на надзорниот одбор на германскиот фудбал. Баш како што е добро за Бундеслигата и доаѓањето на Геце во Франкфурт.

– Секогаш ќе има арогантни идиоти како Сандерс. Како член на одборот на европската клупска асоцијација знам дека германскиот фудбал има добра репутација. Впрочем, Англичаните минатата сезона не освоија ниту еден од трите европски купови, иако би бил многу среќен Јирген Клоп да ја освоеше Лигата на шампионите со Ливерпул, -заврши Ханс Јоаким Вацке.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни