Поврзете се со нас

Германија

Вацке реагираше по изјавата на Халанд и најави брзо решавање на неговата иднина: Мора да не разбере

Објавено

на

Ерлинг Халанд изненади многумина со вчерашната изјава по натпреварот против Фрајбург во која истакна дека од клубот го притискаат што побргу да донесе решение за својата иднина.

Норвешкиот напаѓач е топ мета на најголемите европски клубови, а од неговиот трансфер Борусија Дортмунд ќе заработи „само“ 75 милиони евра.

По изјавата дека е притискан од својот клуб, се јави и извршниот директор на „милионерите“, Ханс Јоаким Вацке кој истакна дека не може да чекаат до мај за Халанд да ја донесе конечната одлука.

– Тој е спонтана личност и му е дозволено да го прави тоа. Немаме проблеми со Ерлинг, но тој мора да ја разбира и нашата ситуација. Не можеме да го чекаме до крајот на мај, -јасен беше Вацке.

За Халанд постои интерес од сите големи екипи како Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ, Јувентус, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни