Поврзете се со нас

Германија

Вацке и Рикен оствариле средба со фаворитот за нов тренер на Борусија

Објавено

на

Foto:x.com/BVB

Борусија Дортмунд и натаму не официјализирала долгорочна замена за Нури Шахин, а досега не беа реализирани неколку шпекулациии околу конечниот избор за тренерската позиција.

Во игра беше и Ерик тен Хаг, но очигледно фаворит на раководството е друг поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед.

Се работи за Ралф Рангник, кој вчера имал средба со челниците на Борусија во Салцбург и го слушнал нивниот предлог за соработка од следната сезона.

Претседалот Ханс Јоаким Вацке во придружба на Ларс Рикен се сретнале со Рангник на австриско тло и разговарале за негов евентуален ангажмен од сезоната 2025/26.

Рангник во моментов е австриски селектор и засега не е јасно дали планира да ја прифати понудата од Борусија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни