Боречки спортови
В сабота и недела се одржува „Европскиот јуниорски џудо куп – Скопје 2024“
Џудо федерацијата на Македонија по втор пат го организира „Европскиот јуниорски џудо куп“, за кој минатата година доби највисоки оценки околу организацијата.
На вчерашната прес конференција со која беше најавен и настанот, беше присутна и потпретседателката на ЕЏУ, Катарина Родригез, која најави дека оценките за организацијата на годинешново натпреварување ќе придонесат за потврдување на одлуката во 2025 година на Македонија да ѝ се додели организацијата на Европското кадетско првенство.
Во салата „Јане Сандански“ постојат одлични услови за натпреварување, а малата сала која што се користи како „простор за загревање“ е адут каков што немаат многу други организатори.
Најавено е учество на 260 џудисти од Европа, но исто така и од Канада и Саудиска Арабија, кои имаат право да настапуваат на Куп – натпреварувањата, бидејќи со тоа се стекнуваат поени за рангиранње на светската листа, што подоцна се користи при изработката на стартните ростери.
Македонија ќе биде претставена од 19 членови, 10 во машка и 9 во женска конкуренција. На прес конференцијата во пресрет на настанот, претседателот на џудо федерацијата, Владимир Трпановски, најави дека очекува од нашите учесници да стигнат до борба за медалите.
-
Балканпред 17 часа
Сите проблеми се забораваат кога се игра дерби: Хајдук го сруши Динамо на „Максимир“ (ВИДЕО)
-
Италијапред 19 часа
Дида за Фонсека и Ибрахимовиќ: Потребно му е време на тренерот, Златан…
-
Англијапред 22 часа
Џексон уште долго време ќе го носи дресот на Челси: Клубот има доверба во мене…
-
Балканпред 7 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Балканпред 19 часа
Првенче во новата кампања: Алими стрелаше во победата на Сепси (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Деко за тоа зошто Јамал е посебен играч: Тоа е она што го издвојува од другите
-
Италијапред 21 час
Мота импресиониран од една ѕвезда на Јувентус: Кога доаѓа на тренинг…
-
Шпанијапред 23 часа
Реал Мадрид го потврди новиот договор на Лунин