Поврзете се со нас

Светски првенства

Ужасно тешка ждрепка за Македонија на патот кон пласман на Светското првенство

Објавено

на

Фудбалската репрезентација на Македонија го доби противникот за историската бараж средба за пласман на Светското првенство кое во 2022 година ќе се игра во Катар.

Противник на избраниците на Благоја Милевски ќе биде селекцијата на Италија, додека доколку се мине во финалето од баражот, ќе играме со подобриот од двојката меѓу Португалија и Турција

Македонија ќе биде гостин во полуфиналната бараж средба и истата ќе се игра на 24 или 25 март, додека финалето е закажано за 28 или 29 март.

Среќата не ги посака нашите репрезентативци кои сигурно ќе се израдуваа доколку беа во групат А од баражот каде се најдоа селекциите на Шкотска, Украина, Велс и Австрија.

Три селекции  ќе обезбедат пласман на Светското првенство по одиграните бараж средби на крајот на март следната година.

Шкотска- Украина

Велс- Австрија

Русија- Полска

Шведска- Чешка

Италија- МАКЕДОНИЈА

Португалија- Турција

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни