Шпанија
Ужасната страна на полуфиналето во Џеда: Сопругите на играчите на Мајорка биле непримерно допирани од Саудијците! (Видео)
Играчите на Мајорка и Рела Мадрид се погрижија за вистински хаос и мешаница на теренот по последниот судиски свиреж, но покрај тоа што беше критично на тревникот и во подтрибинскиот простор, далеку понепријатна била ситуацијата со која се соочиле сопругите на фудбалерите кои ги бранат боите на балеарскиот клуб.
Како што може да се слушне од самите сведоштва, сопругите на фудаблерите на Мајорка биле непримерно нападнати и допирани од некултурни и арогантни саудиски фудбалски фанови, па нивните изјави предизвикаа огромен револт во шпанската спортска јавност.
Кристина Палвара која инаку е сопруга на капитенот Дани Родригез прва излезе со изјава за шокантните сцени, а потоа беше поддржата и од Натали, сопругата на Доминик Греиф.
– Излегувањето од стадионот испадна комплицирано за нас. Бевме со нашите деца и останавме без обезбедување. Момчињата од оваа земја значително ни се приближуваа и почнаа да прават фотографии сликајќи не одблиску. Имаше непримерни допири и сето тоа изгледаше како едно класично малтретирање, – се жали Кристина.
– По крајот на натпреварот, направивме голема група и се упативме кон хотелот. Додека чекавме да тргнеме, се случија секакви работи. Група на млади луѓе ни се приближи и почнаа да не снимаат, да не допираат, да не туркаат. Дури и не навредуваа на арапски јазик, не снимаа без наше знаење и имаше агресивни испади, – сведочи Натали Калузова.
🤬"Ens han assetjat"
🗣️Cristina Palavra, dona de Dani Rodríguez, parla de la desagradable situació que han viscut els familiars dels jugadors del Mallorca durant el partit. pic.twitter.com/Ecgll6NoF6
— Esports IB3 (@EsportsIB3) January 9, 2025
-
Светски првенства13 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија13 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Шпанија19 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Светски првенства14 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Италија23 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија18 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Шпанија18 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија18 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)