Поврзете се со нас

Шпанија

Ужасната фудбалска акција се претвори во ремек-дело: Арамбари го „торпедираше“ Силесен (Видео)

Објавено

на

Хетафе има водство од 1:0 по 45 минути игра против Валенсија, откако во едно крајно неквалитетно воведно полувреме на „Колисеум“ стадионот, главната разлика ја направи еден „проектил“ од 30-тина метри.

Мауро Арамбари сигурно го постигна најубавиот погодок во својата играчка кариера, а истовремено си достави и кандидатура за погодок на сезоната во шпанската Примера, бидејќи ударот кој го испрати беше навистина фасцинантен.

По една ужасна фудбалска акција од двете страни во која топката дури пет пати беше удрена со глава од неколку играчи, топката стигна до нозете на Арамбари, по што овој распали со сета сила и буквално го „торпедираше“ Силесен кој со својата парада го направи голот уште поубав и поефектен.

Ова се случи во 39-та минута од средбата, што беше доволно Хетафе да има предност во натреварот во кој единствен директен шут кон голот беше токму овој на Арамбари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни