Балкан
Ужасна вест од Србија: Славен играч и тренер на Партизан погинал во страшна сообраќајна несреќа

Српската спортска јавност со големо неверување објави фотографии од страшната сообраќајна несреќа која се случил на патот Рума-Јарак, а по првичните шпекулации кои велеа дека во незгодата учествувал познат фудбалер, сега стигна и официјална потврда.
Партизан соопшти дека поранешниот фудбалер и досегашен фудбалски стручњак Миодраг Јешиќ го загубил својот живот во четврток наутро, откако со своето патничко возило „Ситроен“ излетал од својата коловозна лента и се забил во камион.
Славниот фудбалер на Партизан и поранешен тренер на „црно-белите“ веднаш подлегнал на тешките повреди и била констатирана смрт, по што со кратка објава се јави и неговиот матичен клуб.
Јешиќ имаше 64 години и последно работеше како тренер во Саудиска Арабија оваа година, а претходно имаше насобрано значајно искуство како тренер на Раднички, ОФК Београд, Партизан, Алтај, Славија Софија, ЦСКА Софија, ирански Ширин, Литекс и многу други.
Играчката кариера ја започнал во матичниот Партизан и во белградскиот великан играл во два наврати, но исто така ги претставувал и боите на Алтај и Трабзон. Како член на Партизан станал и национален шампион на Југославија во сезоната 1982-83.
🙏 U saobraćajnoj nesreći na putu Ruma-Jarak poginuo je Miodrag Ješic, bivši fudbaler i trener FK Partizan.
— FK Partizan (@FKPartizanBG) December 8, 2022
-
Светпред 21 час
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 24 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Италијапред 13 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Македонијапред 22 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 16 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Челси и Бенфика конечно се договорија: Енцо Фернандез за рекордна сума се сели на „Стемфорд Бриџ“