Поврзете се со нас

Шпанија

Ужасна увертира за реваншот со Интер: Атлетико претрпе шокантен пораз од тим кој е во „црвената зона“ (Видео)

Објавено

на

esp
Foto:twitter.com/Atleti

Атлетико Мадрид е убедливо најдобар домаќин во Ла Лига и има биланс од 13 победи и само едно реми, но затоа четата на Чоло Симеоне е непрепознатлива кога игра надвор од „Метрополитано“.

Доказ за тоа добивме и ова попладне во Кадис, каде истоимениот тим оствари огромна победа на „Нуево Мирандилја“ и направи голем исчекор во битката за опстанок.

Кадис е еден од трите тима кои се во „црвената зона“ и колото го започна со пет бода помалку од Селта, но сега се приближи на два поради неочекуваниот триумф над фаворитот.

Атлетико игра разочарувачки слабо на гостувањата и денеска запиша уште еден пораз, кој доаѓа во ситуација кога тимот се подготвува за реванш осминафиналето против Интер во Лигата на шампионите.

Избраниците на Симеоне имаа ужасна подготовка и го покажаа своето најлошо лице, а тоа го искористија домаќините кои постигнаа два гола преку Хуанми за победа од 2:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни