Мото ГП
Ужасен викенд за Маркез: Казна од Мото ГП и операција на раката по инцидентот кој го предизвика во Португалија

Марк Маркез направи голема грешка во самиот вовед на трката во Португалија и му ја уништи шансата за победа на Мигел Оливеира, но истовремено, му нанесе голема штета и на Хорхе Мартин кој иако остана на патеката во прв момент, на крајот остана без пласман.
Осумкратниот светски шампион влезе преагресивно во четвртиот свиок на патеката во Портимао и буквално го собра Оливеира со својот мотоцикл, а најдобра вест беше тоа што не му нанесе некоја потешка повреда која можеше да значи и крај на сезоната за Португалецот.
Стартот на мундијалот во Мото ГП дефинитивно не стартуваше онака како што посакуваше Маркез, кој на крајот испадна дека го извлече и најдебелиот крај кога се повредите во прашање.
Лекарите утврдиле дека Маркез има фрактура на десната рака и веќе подлегнал на операција, поради која ќе ја пропушти наредната трка во Аргентина, со напомена дека казната која ја заработи ќе ја одработи во Тексас.
Планот е Маркез да се врати на патеката во Остин, но таму ќе мора да ја отслужи казната од „два долги круга“ која ја заработи поради вчерашниот инцидент кој го предизвика.
– Навистина ми е многу тешко за Оливеира, веднаш побарав извинување и не е лесно. Им се извинувам и на португалските фанови, ова беше домашната трка на Оливеира. Направив огромна грешка и од адреналин, не почувствував дека имам повреда на раката и дека коленото ми е отворено. Дознав дека имам посериозни повреди кога дојдов во боксот, – изјави Маркез.
-
АТПпред 23 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
Шпанијапред 22 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
АТПпред 10 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Англијапред 23 часа
Нема да може да се расфрла со пари: Њукасл има ограничени финансиски средства за летниот преоден рок
-
Лига на шампионипред 22 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Лига на шампионипред 20 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 10 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето