Ужасен губитник: Ѕвездата на Шахтјор го преврте собирачот на топки преку рекламното пано! (Видео)

fakundo-fereira

Рома се покажа како подобра во двата дуели и благодарение на голот постигна во гости успеа да го елиминира Шахтјор во осминафиналето во Лигата на шампионите, но што се однесува до вечерашниот меч, еден од гостинските играчи се покажа како многу лош губитник и во 80-та минута изведе нешто што не се памети во најелитното натпреварување.

Напаѓачот Факундо Фереира нападна едно од момчињата кои собираа топки и брутално го бутна преку рекламното пано, а неговата реакција навистина беше шокирачка бидејќи играчите на Шахтјор топката требаше да ја добијат од дечињата кои беа на другата страна од теренот (со оглед на тоа што играта беше прекината таму). Ваквиот потег на Фереира ги разбесни играчите и фановите на Рома, а судијата Малјенко одлучи да му покаже само жолт картон, иако можеби заслужи и директен црвен.

Facebook Коментари