Поврзете се со нас

Велосипедизам

Ужас во Полска: Јакобсен се бори за живот по хорор падот пред целта (Видео)

Објавено

на

Денешната етапа од велосипедската трка во Полска ни донесе хорор каков што не сакаме да гледаме во овој спорт, бидејќи при најризичниот момент од трката, беше направен еден срамен и ужасен потег кој сега може да донесе трагични последици.

Холандскиот велосипедист Фабио Јакобсен се бори за својот живот во болницата во Полска, или поточно е во индуцирана кома откако претрпел сериозни последици на мозокот при завршниот спринт на денешната етапа.

Во обидот да се стигне до победа, Дилан Гронвеген кој инаку му е сонародник на Јакобсен му го затвори патот и го избутка од патеката, по што Фабио со огромна брзина заврши во заштитната ограда.

Холандскиот велосипедист останал без свест од силниот удар и експресно бил префрлен на интензивна нега, а оттаму пристигнуваат информации дека има сериозни оштетувања на мозокот и дека се бори за својот живот.

Во моменти кога сите се молат за здравјето на Јакобсен, пристигна и официјална информација дека Гронвеген е дисквалификуван од Тур де Полска, но сега тоа е најмала грижа за него бидејќи сигурно ќе сноси и многу посериозни последици кои во секој случај ги заслужува за непрофесионалниот потег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни