Поврзете се со нас

Свет

Ужас во Париз: Играч на ПСЖ избоден со нож на „најлудата ноќ“, нема да игра за Франција на ЕП!

Објавено

на

Францускиот селектор се соочува со навистина непријатни ситуации пред стартот на Европското првенство, натпреварување за кое доби потврда и за трето важно отсуство во период од неколку дена.

Откако претходно стана јасно дека дел од шампионатот нема да бидат Недим Ремили и Лука Карабатиќ, денеска пристигна една шокантна вест од Париз, а истата е поврзана за „најлудата ноќ“ на залезот на старата и отворањето на новата година.

Елохим Пранди од редовите на ПСЖ бил жртва на насилен напад во текот на вчерашната ноќ во Париз, односно се здобил со неколку убодни и отворени рани нанесени од нож.

Француската полиција не открива детали за немилиот инцидент, но затоа пристигна официјална потврда од ПСЖ за повредата на ракометарот која добро е што не е животозагрозувачка.

– Елохим Пранди беше жртва на насилен напад синоќа во Париз и се здоби со неколку убодни рани. Играчот моментално е под опсервација во болница и неговиот живот не е загрозен. Париската полиција отвори истрага за целиот случај. Клубот ја изразува својата огорченост од оваа агресија и дава своја целосна поддршка на Елохим Пранди и неговите роднини со цел да го пребродат ова тешко искушение, – гласи објавата на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни