Узбекистанецот Јавокир Синдаров е втор најмлад велемајстор на светот

javokar sindarov

Со освојувањето на третиот велемајсторски бал, Узбекистанецот Јавокир Синдаров стана вториот најмлад шаховски велемајстор по Сергеј Карјакин.

Синдаров ги освоил сите три норми во 2018 година: првата на турнир во Воренеж, Русија; втората на Светското јуниорско првенство во Турција во септември, а еден месец подоцна со третата стигна до насловните страници.

Ова лето Индиецот Прагнананда беше објавен како втор најмлад велемајстор на светот со возраст од 12 години и 10 месеци, додека во случајот на Синдаров наведено е дека има 12 години, 10 месеци и 8 дена, што наговестува дека во прашање се неколку дена разлика од нивната возраст.

Велемајсторската титула на Карјакин е освоена со 12 години и 7 месеци.

Facebook Коментари