Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Уверлива победа на Јашари со брејк од 56 поени

Објавено

на

Третиот од вкупно петте турнири на „Алфа Плам националното првенство“ во снукер му припадна на актуелниот државен шампион Берат Јашари.

Младиот Кумановчанец во финалето втор пат по ред успеа да го елиминира дирекниот конкурент за освојување на државниот шампионат, Петар Панов. и со тоа да му го преземе и водството на табелата.

Во групната фаза и двајцата финалисти немаа проблем и без изгубен фрејм влегоа во полуфиналните дуели, каде што Панов го пречека повратникот во „Алфа Плам националното првенство“ и лиценциран тренер по снукер од ЕБСА, охриѓанецот Петар Колоски. Феноменалниот Колоски пружи макссимален отпор, но се чувствуваше отсуството од поголеми натпреварувања, па на крајот сепак Панов (кој во претходните мечеви имаше и брејкови од 45 и 48 поени), повторно ја однесе победата и се пласираше во финалето, иако резултатот од 3:0 не го отсликува најдобро отпорот на противникот. Од друга страна, Берат имаше неверојатно тешко полуфинале со секогаш „незгодниот“ и мотивиран Александар Ставриќ, кој заедно со Панов и Јашари беше дел од македонската снукер експедиција на ЕП во Албанија. Ставриќ беше на праг од сензационална победа, со водство од 2 спрема 1, но иако имаше почетното водство во четвртиот фрејм не успеа да го доврши „раздрманиот“ шампион. Делуваше како Јашари да се мотивираше од играта на противникот, па најпрво израмни на 2 спрема 2, а потоа со одлична поентерска игра и високи брејкови го освои решавачкиот петти фрејм и обезбеди реприза од претходното финале со Панов.

Во финалето делуваше како Берат Јашари да е се уште загреан од предходниот меч, додека Панов не можеше да влезе во ритам и да најде соодветна контра игра. Во вториот фрејм успеа да парира со брејк од 33 поени и да влезе во финишот на обоените топки со предност. Но, тоа не беше доволно против мотивираниот и разигран противник кој успеа да го добие финишот на вториот фрејм, а во третиот фрејм заврши со највисокиот брејк на турнирот од 56 поени во низа над дирекниот конкурент, со што на крајот заслужено го подигна победничкит пехар.

Впечатлив настап на државното првенство имаа и дебитантот од Кавадарци Димитар Лукревски и нашиот прв учесник и освојувач на меч на Европско јуниорско првенство, Филип Нешкоски, кои стигнаа до четвртфиналето на овој турнир.

Со „Алфа Плам националното првство“ снукерот успеа да опфати играчи од повеќе градови како Кичево, Куманово, Св. Николе, Кавадарци, Прилеп, Струга, Охрид и Скопје. Дополнително, спроведената обука и лиценцирањето за национални тренери од клубовите минатиот викенд, ја потпомогнаа дисперзираноста на квалитетот на снукерот како спортска дициплина низ десетина градови од Македонија, истовремено правејќи го квалитетот на спортските натпреварувања лесно воочлив.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни