Поврзете се со нас

Франција

Утрото го продолжил договорот со француски прволигаш, вечерта уапсен поради мастурбирање на јавно место

Објавено

на

Фудбалерот на Анже, Фарид Ел Мелали во понеделникот имал навистина бурен ден, откако најпрво го продолжил договорот со неговиот клуб, а подоцна бил уапсен од полицијата затоа што мастурбирал во јавност.

Од полицијата потврдија дека го задржале на испрашување 22 годишниот фудбалер откако неговите соседи го пријавиле дека се самозадоволува пред сопствената зграда.

– Тој не целел на никого и не бил агресивен со никого, -кратко одговорила неговата адвокатка, Сандра Чирак Коларик.

Офанзивецот го признал своето непримерно однесување кога бил испрашуван од полицијата правдајќи се дека мислел дека е сам во дворот на зградата.

Ел Мелали бил пуштен, но се соочува со судење во однос на недозволеното дело за кое тој ја признал вината.

Инаку, 22 годишниот Ел Мелали е алжирски репрезентативец, а годинава во дресот на Анже на 11 средби во сите конкуренции, постигнал пет погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни