Утре ќе се одржи традиционалната велосипедска тура “Западна магистрала”

Bicikle

По повод денот на осамостојување на Република Македонија ,, 8 Септември’’, ќе се организира традиционалната велосипедска тура “Западна магистрала”, на ден 02.09./Сабота/ 2017г.

Секоја година настанот се одржува на различни дестинации низ Македонија. Овој пат, релацијата ќе биде Маврово, Стража, Кичево, Демир Хисар, Битола во должина од 120 км.

Саатница на движењето: Почеток од Маврово во 7.30 часот, Стража-официјален СТАРТ во 8 часот, Кичево во 9 часот, Демир Хисар во 10.30 часот, а пристигањето во Битола ќе биде околу 13.00 часот во центарот пред хотел Епинал.

Учесниците на настанот /традиционално од 2012 година/ се:велосипедскиот ветеран Ѓорѓи Кузмановски на возраст од 76 години и Дејан Момировски на 50 годишна возраст, исто така ветеран во велосипедскиот спорт.

Во караванот се две возила соодветно означени со по 2 придружника. Вкупно караванот ќе брои 6 учесници, а од настанот ќе биде подготвен снимен материјал.

Овој настан е дел од програмата на Агенцијата за млади и спорт на РМ за одбележување на празникот 8 Септември.

 

Facebook Коментари