Утка на годината во ЛЕ: Го промаши невозможното и ги фрли во очај своите соиграчи (Видео)

aek

Заврши првата нокаут рунда во Лига Европа по која 16 екипи го завршија ова натпреварување меѓу кои и АЕК Атина иако на двата дуели не загуби против Динамо Киев. (1-1, 0-0).

Меѓутоа голот на украинците на гостински терен се покажа како клучен со тоа што клубот од Грција и тоа како има за што да жали со оглед на тоа што промаши на вчерашниот реванш во Киев. Во прв план е шансата која не ја реализираше Масуд Шоџаи кој имаше чист зицер во вториот дел, односно наместо да ја спроведе топката во мрежата, тој од идеална позиција ја упати на трибините и ги фрли во очај своите соиграчи.

Facebook Коментари