Поврзете се со нас

Боречки спортови

Успешно заврши “Охрид Опен 2022”, Таеквондо ИТФ меѓународен турнир по највисоки стандарди

Објавено

на

Викендов  во С.Р.Ц. “Билјанини Извори ”во Охрид,  Таеквондо клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец, Охрид го организираше меѓународниот    Таеквондо ИТФ турнир  “ Охрид Опен 2022” .

На турнирот учество зедоа над 210 натпреварувачи од 31 клуб од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија,Албанија , Грција и Македонија.

Според организаторите на турнирот биле присутни најдобрите натпреварувачи од сите клубови и тие се натпреварувале во две дисциплини-  форми и борби.

– Благодарност на сите  што помогнаа за реализацијата на овој турнир кој ќе кажам дека беше од врвен калибар

– Организацијата беше на највисоко ниво иако искуството не е многу на наша страна,направивме турнир што ретко  некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на сите очевидци.

-Турнирот го  организиравме по сите највисоки светски ИТФ  стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој беше лично задолжен  г-н Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите  податоци, а за судиската екипа беше задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ , претседател на судискиот комитет за Источна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, кој со своето искуство  помогна овај турнир да тече без никаков застој и во најдобар ред, при што користиме прилика да му се заблагодариме јавно, а воедно благодарност до судиската екипа која делеше несебично правда и овозможија најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот,-изјави Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан , претседател на клубот, претседател на Македонската ИТФ  федерација.

За најдобари клубови  на натпреварот  беа избрани

1 место:   Тајгер тим од Перник

2 место:   Тервел 2006 од Севлиево

3 место:   Тонг Ил од Нови Сад

Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ кој беше домаќин на настанот настапи со 44 натпреварувачи, а за голем дел од нив ова било прв натпревар прв натпревар , за некои прв медал . Натпреварувачите на „Хва Ранг ИТФ“ вкупно осовија   51  медал, од кои осум златни,  15 сребрени и 28 бронзени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни