Светски првенства
Успешно деби за Тухел на клупата на Англија, Левандовски донесе победа за Полска (ВИДЕО)

Томас Тухел имаше успешно деби на селекторската позиција во англиската репрезентација која вечерва славеше над Албанија со 2-0 во средбата од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Домаќините не му дозволија на противникот да упати ниту еден директен удар кон голот на Пикфорд, а со тоа си го отворија патот до победата со по еден гол во двете полувремиња.
Дефанзивецот Луис Скели го отвори резултатот во 20 минута и со тоа испиша историја, стана најмлад играч кој успеал да погоди на своето деби во англиската селекција. Тој со 18 години и 176 дена го надмина досегашниот рекордер Маркус Рашфорд кој беше прв на оваа листа од мај 2016 година кога ја матираше Австралија со 18 години и 209 дена.
Вториот погодок беше дело на капитенот Кејн во 77 минута.
Полска со многу мака ја потврди фаворитската улога во пресметката со Литванија и тоа благодарејќи на погодокот на Левандовски во 81 минута. (ТУКА погледнете го голот).
На другите соочувања Романија загуби од Босна и Херцеговина со 1-0, Летонија и Финска издвојуваа гостински триумфи од 1-0 над Андора, односно Малта.
-
Шпанија13 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија17 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија19 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Европски купови6 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Англија10 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Лига на шампиони18 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Шпанија14 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)
-
Шпанија4 часа
„Бункерот“ на Билбао падна во 93 минута, Валверде со мајсторија го запали „Бернабеу“ (ВИДЕО)