Поврзете се со нас

Италија

Успешна акција: Интер договори напаѓач за наредната сезона

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Интер игра на високо ниво во актуелнава сезона каде е прв фаворит за пехарот во Серија А, а има обезбедено место и во нокаут фазата на Лигата на шампионите каде ќе ги одмери силите со Атлетико Мадрид.

Ако на ова се додаде дека „нероаѕурите“ го освоија и трофејот во Супер Купот тогаш повеќе од јасно е декка клубот се движи во позитивен правец со тоа што секако ќе мора докрај да се заврши приказната ако се сака да се остварат сите зацртани цели.

Во исто време составот од Милано гледа напред, размислува и за натпреварувачката 2024/2025 за која веќе е договорено засилување и тоа во напаѓачката линија. Трансфер експертот, Фабрицио Романо се јави со вест дека нов член на италијанскиот клуб ќе биде Мехди Тареми од Порто.

Тој како слободен играч следново лето ќе слета на „Џузепе Меаца“ и тоа со договор до 2026 година со опција за уште една сезона. Иранецот веќе неколку години е еден од најдобрите играчи на Порто, па неговото искуство, знаење дефинитивно ќе донесе квалитет плус за составот предводен од Симоне Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни