Поврзете се со нас

Македонија

Успешен тест за Давидовски и „ПСС рејсинг“ на патеката Харама

Објавено

на

blank

Македонскиот пилот Виктор Давидовски имаше дводневен тест на шпанската патека Харама крај Мадрид во пресрет на почетокот на сезоната во ТЦР Европа.

Ова беше прв тест по паузата предизвикана од појавата на коронавирусот, каде што Давидовски и „ПСС Рејсинг“ за годинава треба да се натпреварува со новата спецификација на Хонда Сивик.

– На тестирањето беа присутни повеќе екипи од ТЦР Европа, но целта ни беше само да направиме километража со новите автомобили и да влеземе подготвени во новата сезона. Немавме ситуација за да можеме да „бркаме“ времиња, но задоволни сме од она што го видовме во поглед на распоредот на силите на конкурентите од „Таргет“ и „Брутал фиш“. Генерално, патеката крај Мадрид се карактеризира со премногу висока температура на асфалтот во попладневните часови, поради што гумите се уништуваа премногу брзо, па поради тоа немавме многу време на располагање. Дополнително, искусивме и некои технички проблеми на вториот ден, кои ни одземаа драгоцено време, но се надеваме дека извлековме добри поуки и од тоа. Ова е наша трета сезона во ТЦР Европа и веќе може да се рече дека сме позрели како тим во однос на тоа каде бевме пред две години, па се надевам дека тоа ќе се покаже и во резултатите на патеката,- изјави Давидовски за „Дерби“.

Според ревидираниот календар, сезоната започнува со трките во Франција на патеката „Пол Рикар“ на 22 и 23 август, по што следи белгискиот „Золдер“ на 12 и 13 септември. Легендарната „Монца“ е на програмата на 26 и 27 септември, додека 10 и 11 октомври се резервирани дати за трките на патеката „Каталуња“ крај Барселона. Финишот на календарот предвидивува трка во Спа Франкоршамп за 23 и 24 октомври, додека Харама е поместена како последен настан во календарот на 7 и 8 ноември.

blank

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни