Поврзете се со нас

АТП

Успешен старт на нашиот ас: Ивановски го реши четвртиот носител во Тунис

Објавено

на

Големата македонска тениска надеж, Калин Ивановски имаше успешен почеток на фјучерсот во Монастир (Тунис) каде на самиот старт го суреди четвртиот носител Метју Делаведова.

Тенисерот од Австралија му беше должник на нашиот Калин со оглед на тоа што на почетокот на овој месец го совлада на турнирот во Котингбрун, па Македонецот дефинитивно имаше дополнителен мотив да се израмнат сметките што на крајот и се случи со оглед на финалниот резултат во Тунис.

Ивановски денеска славеше со 6-3 и 7-5 по два часа игра на теренот број четири, поточно избори пласман во осминафиналето.

На ова место во женска конкуренција пак Магдалена Стоилковска загуби од Хонока Кобијаши со 2-0, додека Обрад Марковски беше поразен од Влад Андреа Данку на фјучерсот во Крајова, Романија (2-0).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни