Поврзете се со нас

Репрезентација

Успешен старт на квалификациите за ЕП: Ракометарките го растурија Азербејџан!

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Женската ракометна репрезентација на Македонија имаше фуриозен старт на квалификациите за Европското првенство кое во 2024 година ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Нашиот ракометарки апсолутно ја потврдија фаворитската улога во пресметката со Азербејџан и славеа со 40-17 на вечерашната средба во СЦ „Јане Сандански“.

Самиот резултат говори во разликата во квалитет меѓу двете селекции, па така избраничките на Кристијан Грчевски првиот дел го реалзизираа со 23-10. Во вторите 30 минути продолживме да доминираме и со тоа ја закруживме оваа убедлива партија која е одлична најава пред соочувањето со Литванија на 15 октомври во Вилнус.

Најдобри стрелци во нашата селекција беа Саздовска и Седлоска со по седум гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни