Поврзете се со нас

Шах

Успешен настап на младинците на ШК Алкалоид на турнирот во Скопје

Објавено

на

ШК Алкалоид им овозможи на дел од своите младинци да настапат на турнирот „Квалитет“, кој се одигра во Скопје од 20 до 24 мај, под покровителство на училиштето Јахја Кемал Јуниор – Скопје, како подготовка за претстојните државни првенства во јуни оваа година.

На турнирот имаше околу 200 учесници, при што најмладите играчи до 8 и до 10 години играа посебно во своите старосни категории, а сите останати играа на главниот турнир со награден фонд од 1.300 евра, кој имаше 7 кола со швајцарски систем на спарување.

Младинците на ШК Алкалоид освоија повеќе награди, при што во конечната табела највисок пласман имаше Дино Табаковски, кој го делеше второто место со 6 бода, веднаш зад победникот Антон Златков кој единствен имаше 7 бода. а зад нив се најдоа Теодор Јовановски и Кирил Николовски со по 5,5 бодови.

За успешните настапи во своите старосни категории, посебни награди добија: Никола Бошковски, прв до 16 години (машки), Стефан Мелник, втор до 16 години (машки) и Јована Давиткова, втора до 16 години кај девојчињата.

Во насока за натамошно развивање на шаховските таленти, ШК Алкалоид за напредните јуниори од својата младинска школа ќе организира и камп, на кој ќе имаат можност да работат заедно со своите тренери на подготовките за државните првенства.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни