Поврзете се со нас

Боречки спортови

Успешен настап на каратистите на Макпетрол на интернационален турнир во Тузла

Објавено

на

blank

Карате клубот Макпетрол од Скопје викендов учествуваше на интернационалниот карате турнир кој се одржа во Тузла, Босна и Херцеговина.

На турнирот учествуваа 888 натпреварувачи од 75 клубови и национални селекции од Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина.

Каратистите на Макпетрол на овој турнир настапија претежно во највозрасната сениорска конкуренција, и тие  успеаја да освојат вкупно 6 (шест)  медали од кои 3 (три) златни и 3 (три) бронзени.

Најдобар впечаток оставија финалистите: Нашата најдобра сениорка за 2020 година Анѓела Мојсовска, која успеа да освои два медали на овој квалитетен турнир.

blank

Глигор Петков настапи во категоријата на -84 кг тој исто така влезе во финалето и успеа да го освои златниот медал. До златниот медал Петков успеа да победи четири спортисти, како победник во својата категорија и тој доби право да учествува во Апсолутна категорија, каде што имаше исто така забележителен настап. Глигор Петков е европски јуниорски вицепрвак и репрезентативец на Македонија.

Третиот златен медал за Макпетрол го освои репрезентативецот Стефан Стојанович во јуниорска конкуренција во категорија +76 кг.

Бронзени медали освоија Моника Пендаровска категорија -61 кг и Марија Петровска категорија -50 кг.

Забележителен настап иако останаа без освоен медал имаа спортистите Роберто Ацковски, Давид Петков и Витомир Трајковски.

– Сакам да истакнам дека многу сме задоволни од постигнатиот резултат. На овој турнир заминаа осум спортисти а успеавме да освоивме 6 (шес) медали. Задоволството е поголемо бидејќи медалите се освоени во сениорска конкуренција. Овој турнир беше  предвиден по планот и програмата на клубот, иако сите сме затекнати и работиме во  отежнати услови поради пандемијата, ние како спортски колектив одлучивме дека  мораме да продолжиме со спортски активности и направивме уште една одлична контрола за нашите репрезентативци. На овој турнир како што се гледа од пријавите, имаше голема  масовност и многу голем квалитет , посебно во сениорска конкуренција. Учеството на  државите од регионот зборува дека сите многу сериозно се подготвуваат најнапред за претстојниот турнир закажан од страна на светската карате федерација во Истанбул на  12 Март, но подготовките и контролите се и за европското сениорско првенство кое е закажано во месец мај во Хрватска. Во изминатиот период сите спортисти имаа ограничен број на настапи и зато мораа да дојдат за да видат што треба да подобрат во своите техники и подготвеност. За нас е добро тоа што и Анѓела Мојсовска и Глигор Петков ќе бидат учеснци на претстојниот турнир од светската карате лига кој ќе се одржи во Истанбул. Во Истанбул ќе испратиме шестсениори-ки од нашиот клуб, изјави тренерот на клубот, Бошко Заборски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни