Боречки спортови
Усик се налути на пресот и посочи дека би го претепал Дубоа и со голи раце (Видео)

Олександр Усик ги одбрани своите појаси во тешка категорија и славеше во борбата која траеше девет рунди во Вроцлав, но која според многумина требаше да има и побрз крај со сосема поинаков епилог.
Даниел Дубоа го удри Украинецот во пределот на стомакот и го кутна на земја, но судијата оцени дека станува збор за „удар под појасот“ и Британецот доби казнени поени.
Усик се опоравуваше од ударот три-четири минути и потоа ја продолжи борбата, па откако го нокаутираше Дубоа во деветтата рунда, ги одбрани шампионските појаси кои и претходно беа во негова сопственост.
Заверката на титулите сепак беше оспорена од добар дел од јавноста и неколку експерти оценија дека Дубоа бил ограбен во Полска, па откако со поплаки се јави и самиот Британец, Усик и неговите членови од тимот мораа да се објаснуваат на пресот по борбата.
Украинецот ја подигна маицата и објаснуваше од каде важи правилото за низок удар, бидејќи според правилата, секој удар кој е добиен во пределот на шорцевите е окарактеризиран како „удар под појасот“.
Усик не ја криеше и фрустрацијата од поплаките кои доаѓаат од противничкиот табор, па на пресот нагласи дека е подготвен за улична борба со Дубоа во која би се тепале со голи раце.
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 18 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Англијапред 21 час
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 20 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 17 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Италијапред 16 часа
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)