Поврзете се со нас

Боречки спортови

Усик му одговори на Фјури: Често зборува многу, заедно испишавме историја

Објавено

на

Foto:instagram.com/usykaa

Александер Усик го одбрани приматот на неприкосновен шампион во тешка категорија, откако рано утрово по вторпат беше избран за победник во дуелот со Тајсон Фјури.

Седум месеци по драматичната победа со судиска одлука 2:1, Украинецот овојпат ја добие цела поддршка од судиите и едногласно беше прогласен за победник, а додека Фјури протестираше и револтирано го напушти рингот, старо-новиот шампион остана скромен и учтив како и секогаш.

Усик имаше само добри зборови за својот ривал со кого смета дека испишале нова историја во боксот, а притоа и џентлменски му одговори откако Фјури посочи дека Украинецот добил предвремен божиќен подарок од судиите.

– Секогаш многу се зборува после одлука на судиите, а јас навистина многу го почитувам Тајсон. Ако тој вели дека сум добил божиќен подарок, тогаш во ред. Јас сум му благодарен на Бога, а не на Тајсон. Благодарен сум на мојот тим, немам проблем со тоа што се зборува, најважно е дека сум победник.

– Јас Фјури го сметам за мој најдобар пријател во боксот, многу го почитувам и сметам дека е многу тежок противник. Тој ме прави посилен, тој е голем ривал. Често зборува многу, но тоа го прави поради шоу. Тајсон е добар човек и силен боксер, навистина многу го почитувам. Нашите 24 рунди во изминатите две борби се историја за спортот, – нагласи Усик.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни