Поврзете се со нас

Англија

Уште сега е познато кој играч ќе биде трансфер цел број еден за Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Манчестер Јунајтед имаше екстремно успешен летен преоден рок откако успеа да пополни дел од дупките во тимот, а притоа ја врати и клупската легенда, Кристијано Роналдо.

Сепак, според многумина клубот од „Олд Трафорд“ останал недоречен на трансфер пазарот затоа што не успеал да ангажира квалитетен играч за врска кој и тоа како им е потребен во моментов.

Сега медиумите на Островот пишуваат дека клубот веќе работи на тоа да го ангажира фудбалерот на ВЕст Хем, Деклан Рајс во своите редови следното лето.

Солскјер во 22 годишниот фудбалер го гледал последното парче во сложувалката за комплетирање на сериозен тим кој ќе атакува на сите трофеи во сезоната.

Јунајтед во летниот преоден рок заврши одлична работа со ангажманот на Џејдон Санчо, Рафаел Варан и Кристијано Роналдо, а во клубот тивко пристигна и некогашниот младински голман на „ѓаволите“, Том Хитон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни