Поврзете се со нас

Италија

Уште едно заминување од Барселона, дефанзивец на тимот се сели во Серија А

Објавено

на

Роналд Куман продолжува да се ослободува од фудбалерите на Барселона за кои смета дека не му се потребни, па откако го испрати Видал во Италија, тоа ќе го стори со уште еден свој играч.

Станува збор за левиот бек, Жуниор Фирпо кој не се снајде најдобро на „Камп Ноу“ по неговиот трансфер во 2019 година од бетис.

Фирпо собра само 23 натпревари во дресот на каталонскиот клуб и сега ќе му биде дозволено да си оди од клубот.

За 24 годишниот лев бек интерес имаше од Јувентус и Интер, но тој кариерата веројатно ќе ја продолжи во редовите на Аталанта.

„Тутомеркато“ прнеесува дека агентите на играчот пристигнале во Бергамо каде треба да го дефинираат трансферот.

Аталанта нема да му ја дава платата која тој ја заработува во Барселона и која изнесува 1.7 милиони евра по сезона, туку ќе му дава по 1.2 милиони евра по сезона, нешто што самиот играч го прифатил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни