Македонија
Уште едно засилување: Прилеп го промовираше Филип Чурлевски

Екипата на Прилеп и официјално го потврди ангажманот на 28-годишниот Филип Чурлевски.
Средниот бек доаѓа од Прилеп од таборот на Еурофарм Пелистер, а тоа значи дека одново ќе соработува со Горан Кузмановски со кого беа соиграчи во таборот на „фармацевтите“. Чурлевски досега го има носено дресот на Пелистер и Вардар Јуниор, а беше дел и од македонската репрезентација на Светското Првенство во 2019 година.
Тој треба да донесе свежина, квалитет и да помогне Прилеп да бележи што подобри резултати под водство на Кузмановски кој ќе ја има улогата на играч-тренер.
Досега новиот прволигаш ги доведе Христоски, Цинцадѕе, Манчески, Шокоски, нови договори пак добија Бикоски и Амзоски.
-
Балканпред 24 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
АТПпред 18 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Италијапред 15 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Францијапред 23 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 16 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Германијапред 20 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…
-
Италијапред 18 часа
Инѕаги отпиша тројца играчи за утрешното дерби, но е среќен поради формата на Лукаку