Италија
Уште едно засилување на Јувентус оди на принудна пауза
Јувентус доведе многу нови имиња во последниот преоден рок, но тренерот Тиаго Мота уште на почетокот на сезоната мора да се соочи со отсуства над дел од засилувањата.
Кефрен Тирам се повреди уште по првото коло и ги пропушти следните натпревари до репрезентативната пауза, талентираниот Василија Аџиќ не ни доби шанса да дебитира поради повреда во подготвителниот период, а сега на списокот повредени се нашол и Франсиско Консеисао.
Крилниот напаѓач дебитираше на дуелот со Рома во Серија А, со својот настап најави дека ќе биде сериозна опасност за ривалите по десната страна, но вчера на тренинг заработил мускулна повреда.
Тоа значи дека Португалецот оди на принудна пауза која сигурно ќе трае неколку недели и прашање е дали ќе биде подготвен за дербито со Наполи кон крајот на месецот.
Повреда по првото коло заработи и Тимоти Веа, па тоа е уште еден фудбалер кој ги пропушти последните натпревари на Јувентус во домашното првенство.
-
Балканпред 24 часа
Сите проблеми се забораваат кога се игра дерби: Хајдук го сруши Динамо на „Максимир“ (ВИДЕО)
-
Балканпред 14 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 13 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 15 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 14 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Шпанијапред 12 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
Светпред 23 часа
Дориев намести гол и ја спаси Согдиана од пораз (ВИДЕО)