Уште едно засилување: Искусниот Илијоски ќе „пука“ за Шкупи

ilijoski

Најдобриот стрелец во историјата на македонското првенство, Баже Илијоски од денеска и официјално е нов член на екипата на Шкупи.

Искусниот Илијоски доаѓа во Чаир од составот на Пелистер, а со новиот клуб се договори за соработка во наредните 18 месеци. Баже во својата досегашна кариера има променото и играно за голем број на клубови со тоа што во Македонија уште го има носено дресот на Работнички и Металург.

Да потсетиме денеска Шкупи го потврди и ангажманот на одличниот Стефан Вујчиќ.

Facebook Коментари