Поврзете се со нас

Македонија

Уште едно засилување: Еурофарм Пелистер договори бек од Бундеслигата!

Објавено

на

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер се впушти во акција и почна да го гради тимот за следната сезона, првиот потег беше ангажманот на македонскиот репрезентативец Марио Танкоски, потоа беше продолжена соработката со Невен Стјепановиќ за да сега стигне информација дека „фармацевтите“ од следната кампања ќе бидат посилни и за репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јосип Периќ.

Досегашниот среден бек на германскиот бундеслигаш Гепинген доаѓа во Битола, информација која ја објави „Ослобоџење“, потоа ја потврди самиот играч, a сега и неговиот нов клуб. Периќ има 27 години, а со нашиот прволигаш договори соработка до 2022 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни