Поврзете се со нас

Македонија

Уште едно заминување: МЗТ се раздели и со плејмејкерот Слај

Објавено

на

foto: kfsm.mk

МЗТ Скопје засега има турбулентна сезона во која не е на посакуваното ниво во домашниот шампионат, а пак во АБА2 лигата не успеа да ја мине ниту првата фаза што секако е големо разочарување за актуелниот македонски шампион.

Овие резултати донесоа промени и тоа во играчкиот кадар, па тимот од скопски Аеродром се раздели со двајца странски играчи. Прво си замина Марко Баковиќ кој експресно пронајде нов ангажман и потпиша за Задар за да сега клубот ја информира јавноста дека Брендон Слај не е повеќе нивен член.

И со него е потпишан спогодбен раскин на договорот исто како претходно со Баковиќ.

Американецот на 9 средби во домашниот шампионат просечно реализираше по 14,3 поени, 3,3 скока и 4,2 асистенции, додека пак во АБА2 лигата на 5 натпревари реализираше 14,8 кошеви, 1,6 скока и 2,2 асистенции.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни