НБА
Уште едно шокантно откритие: Џордан му ја земал храната на соиграч по лош натпревар
Мајкл Џордан и Чикаго Булс се повторно топ тема, а причината за тоа е емитувањето во епизоди на документарецот „Последниот танц“ во кои се откриваат многу работи за најдобриот кошаркар на сите времиња, но и за членовите на таа шампионска генерација.
Меѓутоа луѓето воедно споделуваат и свои приказни од тој период, случувања, анегдоти, нешто што слушнале им било кажано, а некои работи се навистина шокантни.
Во овој дел дефинитивно оди и она што го сподели Сем Смит, авторот на неколку книги меѓу кои и и „Правилата на Џордан“ (The Jordan Rules), анегдота која ја чул за Мајкл и Хорас Грент кој играше за „биковите“ од 1987 до 1994 година.
-Играчите низ годините ќе дојдеа до мене и ќе кажеа: „Знаеш што направи? Му ја зема храната на Хорас во авионот затоа што имаше лош натпревар. [Мајкл] им кажал на стјуардесите: „Не го храните, тој не заслужува да јаде.
-Тие ова ќе ми го кажеа и ќе ми речеа „Зошто ова не го запишуваш“. Јас пак ќе кажев „Не можам да го напишал, ако ти не ми го кажеш. Јас не можам да кажам дека тоа е од извори од лигата. Вие не можете да направите вакви работи за таа материја. Ако сакате да бидете цитирани, немам проблем со тоа. „Не, не, не, не можеме тоа да го кажеме за Мајкл Џордан, -вели Смит во својот обраќање за „КНРБ“.
-
Шпанија19 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Шпанија20 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Македонија22 часа
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија18 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија21 час
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија22 часа
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Репрезентација23 часа
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа
-
Англија18 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот