Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Уште едно признание за репрезентативецот: Маестро Митревски повторно во Топ 5 одбрани во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски брани во извонредна форма во актуелнава сезона и скоро по секое коло, натпревар тој се наоѓа на Топ 5 листите на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Така беше и овојпат и тоа сосема заслужено, Митревски се најде при самиот врв на најатрактивните одбрани и тоа со неговата двојна интервенција во битката против Алборг.

Никола спаси вкупно 15 топки за Порто, меѓутоа и ова не беше доволно за пласман во следната рунда, поточно данскиот тим поради повеќе голови дадени во гости дојде до билет за четрвртфиналето.

Македонецот е на вторара позиција зад Иван Пешиќ од Мешков Брест.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни