Уште едно признание за нашиот Барди: Шпански ,,АС” го стави во Топ 5 трансфери во Примера!

enis-bardhi-valensija

Пред само неколку денови, Леванте и Барселона одиграа меч за паметење на „Сиутат де Валенсија“, бидејќи од една страна домаќините прекинаа една негативна традиција која траеше речиси шест децении, а од друга пак, гостите од Каталонија го претрпеа првиот пораз во сезоната во 37-то коло во Примера.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра меч за паметење, кој го регистрираше и  шпански „АС“, кој го пофали Барди за умешнсота. Во најновата статија на „АС“, новинарите на овој угледен шпански печат, одат дотаму што го ставија во петте најдобри трансфери оваа натпреварувачка 2017/2018 сезона во Примера.

Барди во дресот на Леванте пристигна од унгарски Ујпешт во летниот преоден рок во 2017 година за сума од 1,5 милион евра, а во моментов неговата цена изнесува над 10 милиони евра. Тој оваа сезона постигна 9 голови, од кои 5 голови беа мајстории од слободен удар.

Facebook Коментари