Поврзете се со нас

Свет

Уште едно познато име во Москва: ЦСКА се засили со екс-центар на Денвер, Бруклин и Хјустон

Објавено

на

Екипата на ЦСКА Москва вчера го доби дербито против Анадолу Ефес во Евролигата за да денеска објави информација дека е договорено едно квалитетно засилување со големо НБА искуство.

Имено нов член на најдобриот руски тим е поранешниот американски репрезентативец Кенет Фарид. Фарид кој со САД го освои златото на СП во 2014 година доаѓа во Москва од Леонес Де Понсе од Порто Рико. Тој таму одигра три натпревари и имаше просек од 12 поени и 9,3 скокови по што стигна повикот од ЦСКА кој не можеше да го одбие.

-Возбуден сум што ќе бидам дел од НБА тимот на Евролигата и таква голема организација како ЦСКА Москва. Возбуден сум што можам да придонесам со моето присуство за да помогнам да се постигнат многу заеднички цели заедно и благодарен сум за можноста да играм, -порача Фарид кој потпише двемесечен договор со опција истиот да биде продолжен до крајот на сезоната.

Инаку Кенет осум години играше во НБА лигата, настапи на 478 мечеви на кои реализираше во просек по  11.4 поени и 8.1 скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни