Поврзете се со нас

Италија

Уште едно освежување на средината на теренот: Јувентус договорил француски репрезентативец

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус ќе има сосема поинаков лик под водство на новиот тренер Тијаго Мота, односно оперативците на клубот во соработка со него влечат потези кои треба да помогнат да го вратат клубот на победнички патеки.

Од „старата дама“ си заминаа или се пред само заминување неколку играчи, а во исто време клубот веќе обезбеди нови имиња. Најновото е Кефрен Тирам од Ница, 23-годишниот Французин кој е брат на Маркус кој настапува за Интер, односно негов татко е славниот Лилијан кој во кариерата настапуваше за Јувентус.

Клубот од Торино ќе плати 20 милиони евра, пакет кој може да дојде до 25 милиони евра со бонуси. Договорот е до 2029 година и Кефрен ќе заработува по 2,5 милиони евра по сезона.

Тирам веќе има дебитирано за сениорската селекција, а ќе биде дел и од олимписката селекција која ќе настапи во Париз.

Следна цел за Јуве ќе биде Копмајнерс од Аталанта што значи дека калчолигашот може да има комплетно нова средина во кампањата 2024/2025 со оглед на тоа што е обезбеден и Даглас Луиз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни