Поврзете се со нас

Англија

Уште едно изненадувачко име на радарот на „ѓаволите“: Јунајтед заинтересиран за фудбалер на Бетис

Објавено

на

Одредени шпански медиуми пренесуваат дека на радарот на Манчестер Јунајтед во моментов бил и фудбалер кој настапува за тимот на Реал Бетис.

„Ѓаволите“ мака мачат да пронајдат квалитетни засилувања, а се чини дека сагата со ангажманот на Френки Де Јонг нема да има среќен крај за нив.

Откако стана јасно дека под итно се потребни промени во средината на теренот прво се појавија шпекулации дека е договорен ангажманот на Адриен Рабио од Јувентус, за сега од „АС“ да пренесеат дека Јунајтед се распрашувал и за Гуидо Родригез од Реал Бетис.

Наводно англискиот клуб започнал преговори со Бетис и бил подготвен да плати околу 20 милиони евра за да го ангажира фудбалерот чија примарна позиција е последен играч за врска.

Инаку, станува збор за 28 годишен фудбалер кој пред две години пристигна во европскиот фудбал откако направи трансфер од Клуб Америка во Реал Бетис.

Дека станува збор за квалитетен фудбалер говори и фактот што во последно време често е повикуван во селекцијата на Аргентина и доста често се наоѓа во првиот тим на Лионел Скалони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни